Голем интерес на конкурсот за пилоти, пријавени и 14 девојки

Началникот на хеликоптерската единица во Министерството за внатрешни работи, Сашо Мојсов во интервју за утринската програма на МРТ вели дека бројот на заинтересирани кандидати за пилоти секојдневно расте.

Досега пријавени се 184 кандидати од кои 14 се жени. Крајниот рок е за две недели, а сите заинтересирани апликациите мое да ги достават по електронски пат, во Секторите за внатрешни работи или во полициски станици Гази Баба, Бит Пазар и Карпош.

Кандидатите не треба да бидат постари од 25 години доколку конкурираат со средно и до 30 години со високо образование, а неопходно е одлично познавање на англискиот јазик.

Оние 12 кои ќе ги поминат сите претходни тестирања и проверки ќе имаат 19-месечна обука.