Голем интерес за бесплатна бањска рекреација

Над сто пензионери од општините Делчево и Македонска Каменица поднеле барања за користење на бесплатна бањско-климатска рекреација и викенди, пренесува МИА.

– За проектот владее голем интерес.Пензионерите од двете општини постојано  звонат на телефоните во подрачната канцеларија на  Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и бараат информации за користење на овие услуги, вели  раководителот Бранко Ангеловски.
Тој информира дека уште во првите пет работни денови од почетокот на запишувањето  по дваесетина пензионери со потребната документација ја посетуват канцеларијата, така да досега се поднесени над 100 барања.

– До сега не сум се пријавувал, но поттикнат од моите пријатели кои веќе користеле бањско-климатска рекреација решив да се пријавам и доколку ми биде одобрено барањето бесплатно да престојувам во Катлановска бања, изјави пензионерот Иван Марковски од Делчево.