Голем интерес за Џумајлија

Голем интерес за Џумајлија. Преку 30 компании се пријавени на огласот за давање под концесија кој е во тек и ќе трае до 9 октомври годинава.

За ова денес информира министерот за земјделство, шумарство и водостопанств Михаил Цветков по работната посета на Свети Николе, пренесе МИА.

Цветков: Голем интерес за Џумајлија
Цветков: Голем интерес за Џумајлија

Цветков потсети дека земјиштето според огласот е поделено на четири целини и за секоја е утврдена висината на инвестицијата – колку идниот закупец ќе треба да вложи, за што и за колкав период.

Во првата географска целина треба да се инвестираат најмалку четири милиони евра, додека во останатите три по два милиона евра, нагласи министерот.

Од вкупната површина на Џумајлија, 4.800 хектари, околу 200 до 300 хектари, рече Цветков, се издвоени за ситните земјоделци.

Со оглед дека на Овчеполието му е неопходна вода, за десетина дена, како што најави ресорниот министер, ќе биде објавен и конурсот за избор на изведувач на браната Речани.