Голем интерес за конкурсот на Друштвото на писателите на Македонија

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија до сега пристигнаа 80 дела објавени во текот на оваа година.

Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“  за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на овој месец, а наградите ќе бидат врачени во февруари идната година, на свеченоста по повод  јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, членови на ДПМ од различни генерации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.