Преку мерките за вработување на млади, вработени 6.126 лица

Во Тетово, денес се оддржа и последниот саем во склоп на караванот Саеми за вработување, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Тетовчани имаа можност подобро да се запознаат со понудите на работодавачите и да поразговараат со дел од претставниците на компаниите, кои учествуваа на саемот. Караванот досега посети осум градови во Републиката вклучувајќи го и градот Тетово. Саемот за вработување во Тетово имаше голема посетеност, а посетителите брзаа да ги разгледаат понудите на сите штандови на компаниите учеснички и да ги остават своите резимеа со надеж за позитивен одговор од страна на работодавачите.

te_saem (3)– Денес караванот Саеми за вработување завршува со овој последен саем во Тетово, кој е добра шанса за сите заинтересирани граѓани да го пронајдат она кое што го бараат и со тоа да ја подобрат својата иднина и кариера. Нè радува тоа што за време на овој караван, кој ја обиколи Македонија низ вкупно осум градови, вклучувајќи ги Скопје, Неготино, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Куманово и Тетово, успеавме да се намали невработеноста во државата, да помогнеме на голем број граѓани да го пронајдат своето ново работно место и на работодавачите да го зголемат бројот на своите кадри, а со тоа и квалитетот на нивните услуги и производи. Горди сме што воведовме нов, интерактивен и модерен пристап помеѓу работодавачите и граѓаните во Македонија, кој е одлика на многу големи и развиени земји на глобално ниво, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија.

Претставниците на компаниите кои беа дел од овој последен саем, добија шанса лице во лице да се запознаат со можните идни вработени кои би биле дел од нивната секојдневна работна атмосфера и би придонеле за подобар тек во извршувањето на дејностите во своите компании како и квалитетот на истите.

te_saem (2)– Задоволни сме со организацијата на овој караван на саеми за вработување, како и од одзивот на граѓаните во сите градови каде што се оддржаа саемите. Според податоците, досега, преку мерката за млади, вработенисе 6.126 лица. Сакам да ги охрабрам сите невработени активно да бараат работа и редовно да ги следат сите нови огласи.Оперативниот план за 2015 година според планираните активности, ќе започне следниот месец во февруари, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

– Го оставив своето резиме кај неколку компании на овој саем и оптимист сум и верувам дека имам шанса, кај некои од тие компании да се наоѓа моето следно работно место. Верувам во себе и  во своите способности и знаење, па се надевам дека работодавците ќе бидат задоволни и заинтересирани за она кое што можам да им го понудам. Ме радува што се организираат настани од овој вид кои се еден вид поддршка и помош за сите активни баратели на работа во Тетово како и низ целата територија во Македонија. Се надевам во блиска иднина истите ќе продолжат да се организираат повторно, изјавиСтефан, невработен млад барател на работа со постојано живеалиште во Тетово.

Караванот Саеми за вработување, од 14ти октомври минатата година па сè до оддржувањето на последниот саем денес во Тетово, во временски рок од три месеци ја обиколи државата и на граѓаните им понуди можност да ја пронајдат својата следна работа и да ја збогатат својата кариера и работно искуство.