Македонија

Голем интерес за штандот на „Kumev Brothers Production“ на BEST саемот

Голем интерес за штандот на „Kumev Brothers Production“ на BEST саемот

Компанијата „Kumev Brothers Production“ оваа година настапи со свој штанд на „BEST“ Саемот на Машински факултет во Скопје.

Целта на овој настап е покрај постоечките на студентите директно да им се претстават и новите едукативни програми или курсеви од Autodesk.

Компанијата веќе петта година е носител на лиценцата од Autodesk САД како авторизиран тренинг центар и авторизиран центар за сертификација, а од пред две недели се здобила и со највисоката можна лиценца во полето на образованието ACADEMIC PARTNER.

autodesk1

Покрај постоечките курсеви за 3ds Max, Autocad, Maya, кои се основни, новина во компанијата е воведувањето на напредниот курс за 3ds Max и V-ray, понуда единствена на домашниот пазар. Од компанијата велат дека голем е интересот кај студентите и додаваат дека се изненадени од посетеноста на саемот.


autodesk

Оваа година компанијата отвори свои тренинг центри во Белград, Приштина и Ниш.

-Со добивањето на балканската лиценца од страна на Autodesk САД полека но сигурно компанијата го заокружуваме процесот кој како задача си го дадовме сами на себеси со цел да усовршуваме понапредни програми, како и да развиваме и разменуваме искуства во нашиот регион, велат од компанијата.

aa

Имено, компанијата секоја година организира летен камп во Охрид, а оваа година учество на истиот ќе земат и голем број предавачи и студенти од Србија, Косово, Албанија и Македонија.

-Идејата на летниот камп за 3ds Max и V-ray 2015 е да како компанија која е спремна со квалитетна наставна програма и предавачи понудиме тренинг во Охрид на балканско ниво и да почне да се развива и научен или семинарски туризам во полето на инженерството, 3д и се останато што софтверите на AUTODESK САД го нудат, велат од компанијата.