понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 28

Голем интерес за владините грантови за отворање приватни детски градинки

Интересот за владините грантови за изградба на детски градинки е се поголем. Ова го посочи министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој денес заедно со градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски приуствуваше на отпочнувањето на градежните активности за изградба на нова детска градинка во Козле.

dime-spasov-640x360

Последни вести

Интересот за владините грантови за изградба на детски градинки е се поголем. Ова го посочи министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој денес заедно со градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски приуствуваше на отпочнувањето на градежните активности за изградба на нова детска градинка во Козле.

Ова е нов проект, за оваа година имаме предвидено финансирање на 10 нови приватни детски градинки со неповратни грант средства во износ за 10.000 евра за учество во изградба на објект или пак за негово опремување, за набавка на опрема и репро материјали.

Тој рече дека досега има поголем број на лица кои што се заинтересирани за отворање на приватни детски градинки, а веќе има околу 5 апликации и се очекува до крајот на годината овој нов проект на Владата на Република Македонија да ги мотивира потенцијалните инвеститори и да влијаат на зголемување на приватни детски градинки а со тоа и на зголемување на капацитетите за згрижување на деца во истите.

Најчитани вести