Голем интерес за земјоделски субвенции во Пелагонија

Интересот на земјоделците од пелагонискиот регион за субвенционирање на производството е огромен, но најважно од се е тие да ги запазат роковите за поднесување на барањата, соопшти Илија Србиновски, раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола.

„Рокот за пријавување е до 31 мај, а земјоделите треба барањата да ги достават до подрачните единица каде го имаат регистрирано своето земјиште. Одгледувачите на говеда, пчели, кози и овци, пред поднесувањето на барањето за субвенционирање треба, доколку има промени, да ја ажурираат состојбата на стоката во ветеринарното друштво со кое склучиле договор“, рече Србиновски.