Голем кикс на Металург, Вардар минимално но доволно

Најинтересниот натпревар од 30. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу директните ривали во борбата за шампионската титула, Пелистер и Работнички, заврши со минимален триумф на гостинот од Скопје од 2:1.

Со освоените три бода, популарните “роматичари” останаа лидери на првенствената табела и сега имаат два бода повеќе од второпласираниот тим на Хоризонт од Турново.

Минимална, но злато вредна победа од 1:0 во дуелот против новајлијата во елитното друштво, тимот на Еуромилк, забележа актуелниот шампион на Македонија, Вардар.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 65 минута беше дело на искусниот играч за врска, Филип Деспотовски.

Резултати: Вардар – Еуромилк ГЛ 1:0, Пелистер – Работнички 0:2, Металург – Хоризонт Т. 1:2, Напредок – Македонија ЃП 1:3, Ренова – Брегалница 1:0, Гостивар – Шкендија 0:3.

Табела: Работнички 56 бода, Хоризонт Т. 54, Металург 53, Вардар 52, Пелистер 51, Шкендија 48, Брегалница 42, Ренова 40, Еуромилк ГЛ 35, Македонија ЃП 29, Напредок 14, Гостивар 14.