Голем љубовен хороскоп за август 2016

Во текот на наредните месеци Близнаците може да очекуваат убав период, а за Девиците овој месец ќе биде бурен.

Овен

Кога станува збор за љубовта Овните ќе бидат сосема збунети и конфузни. Помешаните емоции во вас ќе направат да се чувствувате несигурно, па ќе барате совет од луѓето околи вас, но најпотребно е да ја следите сопствена интуиција. Големите очекувања во љубовта ќе бидат една од причините поради кои ќе се чувствувате целосно збунето. Нема да очекувате премногу од себе си, туку и од партнерите со кои ќе влегувате во пократки врски, па затоа е потребно да внимавате за да не се разочарате. Немојте да се занимавате со неважни нешта кога станува збор за вашата врска затоа што така само ќе го расипете односот со партнерот, најдобро е реално да ја согледате ситуацијата во секој момент. Ова ќе биде мошне бурен и малку полош период кога станува збор за врските. Треба да знаете дека ова не е добар период за почнување романса доколку сте слободен припадник на овој хороскопски знак.

Бик

Биковите во наредниот период во август ќе бидат мошне повлечени кога станува збор за љубовта. И самите ќе бидете свесни дека не сте во можност емотивно да се отворите пред н екого, што секако ќе ве оттргне од стекнувањето нови познанства и мошните врски. Потребни ви се мир и тишина, а изгледа дека периодот на осаменост и ќе ви одговара за да расчистите со себе си и психички и емотивно. Сето ова ќе в лијае ниту на полето на комуникациите да не функционирате најдобро. Поволните околности доста ќе влијаат на вашите емотивни планови, па доколку нешто тргне на лошо, вие ќе бидете се позатворени за остварување нешто ново или целиот стрес ќе го истурате врз партнерот, што ќе ви донесе проблеми во врската. Потребно е да си поставите приоритети, па врз основа на тоа да одлучите што е најдобро за вас.

Близнаци

Ова ќе биде мошне добар период за вас. Доколку сте слободни можно е на некое патување, во некоја свечена прилика или некаде каде не одите толку често да запознаете интересна личност што ќе ве освои.

Најверојатно ќе биде малку повозрасен од вас, но тоа не значи дека ќе имате проблеми, туку дека мошне лесно можете да започнете сериозна и квалитетна врска. Ова е особено плоден период за оние што се во позрели години. За сите оние што веќе се во врска треба да знаат дека со партнерот ќе имаат посебен однос што ќе им одговара, па ќе уживаат во нежноста и вниманието што ви го пружа. Немојте само да се опуштате премногу, затоа што за добра врска е потребна константна работа и вложување. Покажувајте љубов дури и тогаш кога не мислите дека тоа е потребно, со што ќе остварите уште подобар контакт.

Рак

Кога емоциите се во прашање, Раковите овој месец ќе уживаат. Толку многу има љубов околу вас, ја давате, ја ширите но и ја добив ате во уште поголеми количества, па секој ден ви почнува со насмевка.  Врските ќе бидат се поуспешни, па сите зафатени Ракови со своите партнери ќе остварат еден подлабок или уште поблизок однос. Нежноста и вниманието што го добивате од партнерот ќе направи само уште повеќе да се сакате. Како што кај зафатените се ќе напредува, така ќе биде и кај слободните. Ќе ви одговара флертот, в ниманието што го добивате каде и да се појавите, а можна е и една нова, летна романса. Доколку започнете врска, треба да знаете дека тоа ќе биде квалитетна врска од која ќе бидете целосно задоволни.

Лав

Емоциите кај Лавовите ќе бидат многу „разбранувани“ во нареднот период. Се што ќе ви се случува ќе го сфаќате и ќе го прифаќате мошне емотивно, поради што е можно да ве повредат нештата што сосема ви се неважни. Семејството и друштвото ќе ви бидат на прво место, па сета нежност и љубов ќе ја искажувате кон нив, поради што ќе заборавите малку на постоењето на љубовната врска. Мошне сте посветени на вашите блиски, па се ќе фокусирате само на нив. Кога станува збор за љубовта, емотивната состојба ќе биде комплицирана, па нема да бидете сосема расположени за остварување нови познанства или отпочн ување на некои нови романси. Поради бариерата што ја постравувате кон спротивни9от пол можно е да повредите некого кому што му се допаѓате, но воздржете се, затоа што личноста што постојано ви е во околина и која ви укажува љубов на најразлични начини, мошне е квалитетна и добра за вас.

Девица

Девиците ќе посакаат да се изолираат и да се одвојат од светот. Ова нема да им одговара на зафатените припадници на овој знак па можни се конфликти и кавги со партнерот, што може да потрае малку подолго. Но, сето ова е пролазно, па нема причина за поголеми грижи.

Сето ова ќе се одрази и на слободните Девици, па ќе одбивате да стапите во нови познанства и  врски. За сето тоа придонесува и некоја личност од минатото, но со тоа ќе раскрстите во еден момент, по што ќе ги видите своите можности за добра и квалитетна врска со личност што во многу работи ќе ви одговара. Флертот што овој месец ќе го има во поголема мера ќе ви одговара па ќе ве одврати и од размислувањето за поранешните партнери.

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…