Голем љубовен хороскоп за јуни

Јуни е нестабилен и турбулентен месец. Планетите што проаѓаат низ знакот Близнаци (Сонце, Венера и Меркур) прават Т-крст во променливи знаци, со Јупитер (во Девица) и со Нептун (во Риби).

Тој крст ќе собере повеќе напнати аспекти: две опозиции и четири квадрати. Во овој случај се работи за: опозиција меѓу Јупитер и Нептун (која беше активна и минатата година), опозиција меѓу Сатурн и планетата во Близнаци, квадрати Сатурн-Нептун, Јупитер-Сатурн, Нептун со планетите во Близнаци и Јупитер со планетите во Близнаци.

Планетите што минуваат низ Близнаци и прават аспекти со три побавни планети (Јупитер, Сатурн, Нептун) имаат улога во создавањето крст што носи значајни, импресивни и збунувачки настани.

На макро план носи побуни и значајни настани врзани за транспорт, комуникација и информација, но исто така и подрачјата на кои што Јупитер, Сатурн и Нептун имаа влијание во минатата година: право, религија, култура, медицина, миграции, граници, странци и странски земји и слично.

Исто така, може да се очекуваат и драматични настани, конфликти и катастрофи. Во текот на јуни 2016-тата настаните ќе бидат поинтензивни, ако се земе во предвид фактот дека на 18-ти јуни се формира квадрат меѓу Сатурн и Нептун.

Нептун има значајна улога во текот на јуни 2016-тата година, затоа што во текот на месецот е ретрограден и стациониран и останува така се до 12-иот степен на Риби (ретроградното движење почнува на 13-ти јуни).

Нептун се поврзува со идеализирањето, креативноста, фантазијата, но и со лагите, измамите, криминалот, илузиите, двомисленоста, хаосот, нехармонијата, отуѓувањето, прогонството, залажувањата…

Од друга страна, во текот на јуни може да дојде до реформи, трансформации, конструктивен развој и насочување на вистинскиот пат. Тоа ќе биде поистакнато во вториот дел на јуни кога се формира хармоничен егзактен аспект помеѓу Јупитер и Плутон (на 26-ти јуни).

Втор значаен настан во јуни се случува кога Меркур го завршува своето ретроградно движење во Бик. Меркур се движеше ретроградно повеќе од два месеци и не доведе до анализирање, размислување и разрешување на одредени аспекти во нашиот живот. Конкретно се работи за подрачјето во кое Меркур – Марс опозицијата (што се формира на 9-ти јуни) може да донесе важни настани, заклучоци и одлуки во првиот дел од месецот.

На крајот, но не и последно – голема вест: На 30-ти јуни Марс почнува да се движи директно, по два и пол месеци ретроградно движење. Марс е во неговото седиште, во Скорпија, силен и позитивен. Целите стануваат јасни, бариерите се надминуваат, а се што ќе се преземе, секоја акција има поголема веројатност за успешно остварување.

Што ве очекува на поле на љубовта во текот на јуни проследете на следната страница…