Голем медиумски успех на Четкар во Тајланд (ФОТО)

Владимир Четкар во саботата вечерта по локално време настапи на најпопуларниот џез фестивал во Тајланд, Хуа Хин Џез Фестивал кој се одржа во монденскиот Тајландски туристички центар Хуа Хин.

Македонскиот џез/соул/фанк музичар беше најавуван како една од главните ѕвезди на овогодинешното издание на фестивалот во Тајланд.

Пред овој концерт Четкар имаше серија телевизиски настапи и интервјуа во Тајланд меѓу кој и настап во живо на најгледаната национална телевизија во Тајланд, Канал 3.

На настапите на кој Четкар се претстави со авторска музика Четкар беше приружуван од Тајландскиот бенд Фанкшн како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна Азија, Кох Саксмен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.