Голем месечен хороскоп за јули

Откријте што ве очекува овој месец како на бизнис, така на љубовен и на здравствен план.

Овен

oven-znak-1Работа – Блиските аспекти на Марс, вашиот владетел со Јупитер носат многу можности но малку реализација. Ситуацијата се поправа од први јули кога вашиот владетел Марс ќе почне да се движи директно. Сепак, без обѕир на различните фази на воздигнувања или падови во текот на овој период, ќе бидете задоволни со својот биланс на работното место и почитта што ја уживате во кругот на соработниците, а за резултатите да бидат подобри, ќе морате со полна пареа да се посветите на работата во првата половина на јули. Успешната формула треба да се повторува како гаранција за успех на работното место или за парична добивка. Вашите надредени се подготвени да го наградат вашиот труд или заложби на различни начини. Во периодот од 6-ти јули, за време на тригонот на Марс со Венера ве очекуваат нови успеси во решавањето на паричните и статусните прашања. Со влезот на Венера во знакот Лав на 12-ти јули, подготвени сте да прифатите работни места што бараат голем напор и оптоварување но носат добра заработка. Под поволниот аспект на Марс и Сатурн во хармоничните знаци Лав и Стрелец, следува склопување на нови поволни договори.

Љубов – Пронаоѓате емотивна инспирација на различни страни и делувате задоволно, но не во целост. Таквото расположение ќе потрае до втората недела на јули кога Венера влегува во вашето петто поле и го крева расположението како и сензуалните апетити. Новите љубовни искушенија ќе придвиѓат во вас некои скриени емотивни желби и потиснати мечти. Не криете дека имате големи очекувања пред саканата личност. Чувствувате потреба да остварите комплетно задоволство или да го промените постојаниот ритам во врската. Заедничката доверба е добра основа, а новите сличувања и емотивната динамика најавуваат позитивна пресвртница. Со задоволство се одзивате на големиот број повици и уживате во друштво, во забавите и во флертот. Доколку сте млади и слободни, ви претстои нова романса. На зафатените им следат предизвици што може да им ја разнишаат врската и да ги загрозат постојните планови.

Здравје – Јупитер во вашето поле на болест спречува појава на проблеми, а ве придвижува во правец на превенција и носи оптимизам. Не одете преку вашите физички можности. Чувствителност на грлото и синусите до 13-ти јули. Можни се помали проблеми со ’рбетот во текот на целиот период.

За другите знаци повеќе на следните страници…