Голем месечен хороскоп за јули

Бик

bik-znak-1Работа – Амбициозни сте, сакате да оставите добар впечаток на бизнис партнерите, но суштински оддавате впечаток како само парите да ве интересираат. „Разгорената“ Венера, со која почнува овој перод не ви оди од рака. Кога владетелот на знакот е „разгорен“ настаните бараат истенчена вештина за прилагодување, препознавање на намерите на соговорниците и мудри постапки.  Знаете вешто да ги користите вашите способности и различните работни формули што ви носат успешни резултати, па да ги примените во периодото до 30-ти јуни, кога Меркур со влезот во вашето поле на комуникација отвара нови можности. Имате добри појдовни претпоставки, особено кога се решаваат важни работно-финансиски интереси, но ви недостасува трпение. Важно е да направите добра проценка и избор во текот на наведениот период. Младата месечина од 4-ти јули ги нагласува сите настани врзани за бизнис сферата, до таа мерка што дури е можна и промена на работното место. Во периодот од 13-ти јули, можете да ги остварите приоритетните цели и да подмирите некои финансиски долгови.

Љубов – Забележувате извесна напнатост во односот со партнерот што не ја разбирате најдобро, па повремено делувате загрижено и поради ситните недоразбирања што постојат во вашиот љубовен живот. Конфликтите и тензиите се последица на престојот на Марс во вашето поле на партнерствата. Сепак, секој проблем им а решение и носи поучно искуство. Од 6-ти јули ситуацијата постепено се средува, а тензиите се смируваат. Нема потреба да се задржувате на некои неостварени или погрешни одлуки од вашето љубовно минато, затоа што понатамошниот развој на настаните, а особено тригонот на Меркур со Марс носи олеснување и подобро разбирање и убави мисли за блиската личност, затоа што лошите аспекти се временски ограничени. Важно е да почувствувате емотивна топлина во нечие друштво, а тоа е доволен повод за среќа во љубовта.

Здравје – Апсектите на Венера, што управува со вашето поле на болести со Сатурн во осмото поле ве опоменуваат на неопходноста од превенција како основа на доброто здравје. Детоксикацијата или некои алтернативни методи особоено поволно делуваат по конјукцијата на Месечината со Сатурн на 15-ти јули.

За другите знаци повеќе на следните страници…