Голем месечен хороскоп за јули

Рак

rak-znak-1Работа – Имате доволно енергија и сериозна намера да го подобрите вашиот работен, материјален или вкупен статус, но периодот што е пред вас е обележен со фазата на полната Месечина на самиот почеток. Иако аспектот не е опасен претставува еден вид конфронтација и неразбирање со околината.  Венера во првото поле ви носи хеоднистички идеи, па еланот за работа лесно спласнува по размислувањата за релаксација и одмор. Потребно е јасно да ги дефинирате вашите бизнис цели во договорот со доверливите соработници или со стручниот совет. Дури од 6-ти јули кога Месечината со влезот во знакот Лав ќе направи тригон со Сатурн почнувате да се будите и да сумирате што сте пропуштиле. Меѓутоа и тој скок на бизнис интересите е краток и дури кога Венера на 12-ти јули ќе прејде во вашето поле на пари ќе почнете сериозно да мислите за вашите работни обврски. Потоа и Меркур влегува во полето на парите, што значи дека следат ситни но бројни финансиски „аранжмани“. Ситуацијата значајно ќе се подобри на почетокот на втората половина на јули.

Љубов – Заводливи сте, зрачите со оптимизам и го привлекувате вниманието на спротивниот пол, особено во првата половина на јули додека Венера престојува во вашиот знак. Но, поради погрешните изјави или непромислени постапки што ви ги носи „разгорениот“ Меркур во истиот период ќе запаѓате во конфликтни или непотребно комплицирани ситуации. Доколку сте во врска, спојот на овие два аспекти никако не е добар затоа што ќе ве доведе во ситуација да флертувате на сите страни, но без резултати. Нема потреба да форсирате емотивно ривалство или лично докажување во односот со саканата личност, ниту дополнително да се истакнувате. Младите или слободни припадници на знакот, речиси непречно, може да ги користат моменталните предности што им ги нудат планетите, но сепак внимателно и рационално, затоа што во спротивно кванитетот ќе го потисне квалитетот и состојбата ќе остане непроменета, односно и покрај големиот избор лесно можете да останете сами.

Здравје – Можно е создавање на камен во жолчката. Нагласена е чувствителноста на внатрешните органи. Сатурн во полето на болестите укажува на потребата да се следат и хроничните пореметувања но и да се зголеми дозата витамини. Променете го начинот на исхрана и внесувајте доволно течности.

За другите знаци повеќе на следните страници…