Голем месечен хороскоп за јули

Девица

devica-znak-1Работа – Повремените пропусти што ве следат за време на престојот на вашиот владетел Меркур во Близнаци и во вашето поле на кариерата и опозицијата со Сатурн до 30-ти јуни се знак за лоша концентрација или недостиг н а време, со недостаток на внимание. Способноста за добро запазување и вештината за брзото прилагодување во новите услови е секогаш вашиот главен адут во однос на бизнис конкуренцијата, но сега неможете да се потпрете на тоа па затоа бидете повнимателни. Неопходно е да се прилагодите на новите услови за работа и да оставите добар впечаток кај соработниците. Со поприкладен настап и темелен пристап, можно е да ја искористите позицијата на Јупитер во првото поле и на некој начин да профитирате од вашите идеи и способности. Меѓутоа, со оваа позиција на Јупитер мора да бидете повнимателни затоа што тој секогаш укажува на недостаток на чувства за детали, а со наведените аспекти на Меркур може да имате некои посериозни превиди во однос во процената. Искористете го периодот на Младата Месечина во вашето поле на плановите од 5-ти јули за нови акции. Добрите резултати се загарантирани.

Љубов – Под аспектите на влегувањето на Венера во Лав и во вашето поле на тајните сакате да ги прикриете вашите интимни чувства и да останете таинствени. Во наредниот период често ќе ја збунувате вашата околина со ненадејни промени во расположениети и со необични постапки, а со самото тоа и личностите заинтересирани за вас. Потребно е да ги искристализирате вашите чувства и да ги решите емотивните осцилации што ги чувствувате за една личност. Со влегувањето во знакот Лав, Венера исто така ќе биде во стабилен аспект со Сатурн, што значи и некој вид емотивна стабилност. Бидете прагматични и проценете каде е границата што ги одвојува тајните врски од нормалните и долгорочни односи и немојте со претерана аналитика да ги расипувате животот. Ако сте млади или слободни ве очекуваат голем број средби и занимливи познанства, посебно во периодот до 12-ти јули, за време на тригонот на Марс и Венера кога секоја врска може да се претвори во нешто повеќе.

Здравје – Можни се проблеми со исхраната како и тенденција за зголемување на тежината, како што тоа е на некој начин природно за секој знак каде што ќе се најде Јупитер. Мрснотии во крвта, затнување на крвните садови, шеќер и се слично што не е набројано може да се јави како последица. Мислете на ова.

За другите знаци повеќе на следните страници…