Голем месечен хороскоп за јули

Вага

vaga-znak-1Работа – Понекогаш не е леснод а се препознае најдоброто решение, особено кога се наоѓате во месецот што го активира полето на кариерата со транзитот на Сонцето. Ви претстои активна улога во работниот живот и низа добри прилики, а се во согласност со аспектите во наведеното поле. Освен Сонцето до 30-ти јуни тука е Венера, вашиот владетел, што ги засилува сите можности, па и најмалите шанси се чинат реални. Настаните се на ваша страна, дури и кога тоа не изгледа така. Од 30-ти јуни се придружува и Меркур и ја нагласува комуникацијата и комбинацијата врзана за работата. Од тој миг морате да бидете максимално флексибилни и да внимавате на деталите. Без разлика на тоа колку сте сигурни во себе со или во вашите способности да преокупирате нечиј свет, пред да се впуштите во нова работно – финансиска трансакција. Во периодот од 3-ти до 6-ти јули избегнете го донесувањето одлуки и потпишувањето важни документи за работа, затоа што е можно да прифатите нешто што е невозможно адекватно да го завршите. Со преминувањето на Венера во знакот на Лав доаѓа до нови договори врзани за работниот живот. Од 1-ви јули треба да бидете поотворени за новитети.

Љубов – Аспектите на љубовно и на работно поле се преплетуваат во битните настани со ситите датуми. Што и да се случува, поради напнатите аспекти, би било добро да ги одложите љубовните одлуки за втората половина на јули. Доколку сте млади или слободни, прескокнете ги предрасудите и некои граници што во изминатиот период сами себе си непотребно сте си ги ставиле. Целиот период е одбележан со силни аспекти на Венера, најпрво со Марс, кој инаку владее со вашето поле на партнерствата и ви дава можност за ново или за обнова на некој релативно брзо прекинат однос. Кога и да се спојат Венера и Марс периодот е мошне динамичен, па понекогаш треба да се биде воздржан и да не се реагира веднаш. Во текот на вториот дел од периодот, Венера гради поволен аспект со Сатурн којшто прилично ја стабилизира ситуацијата и ја нагласува поволноста за обнова на некои претходни обврски или за влегување во врска со некој што веќе го познавате.

Здравје – Јупитер кој владее со полето на болестите се наоѓа во 12-тото поле што меѓу останатото означува и престој во болница. Затоа водете сметска за сите симптоми и не занемарувајте ништо затоа што на дело може да се покажат рани симптоми на проблемите.

За другите знаци повеќе на следните страници…