Голем месечен хороскоп за јули

Стрелец

strelec-znak-1Работа – Сатурн во вашиот знак веќе подолго време ги забавува сите реакции и одложува голем број решенија на ситуацијата. За тоа посебно придонесува неговото ретроградно движење што укажува дека постојано се враќате на некои стари нешта, се обидувате да ги исправите, но пак ги правите истите грешки. Преиспитајте го вашето однесување, засилете го вниманието и концентрацијата, а ако и понатаму ништо не се промени на подобро, побарајте помош од некого во кого имате доверба. Избегнувајте ривалство со една повозрасна личност, особено ако ви е надредена. Во полето на кариерата е Јупитер, владетелот на знакот, но со Сатурн кој се наоѓа во вашиот знак прави нехармоничен аспект што укажува на деструктивен однос. На патот до успехот очекувајте препреки. Ќе бидете забавени, па за она што до неодамна го решававте за една минута ќе ви бидат потребни неколку дена. До 13-јули можни се и финансиски проблеми, односно недостаток на пари. Затоа воведете рестрикции на време. По овој период, Венера влегува во полето што означува странство, а работите со некоја странска компанија ќе ви обезбедат подобри приходи.

Љубов – Периодот почнува со нескладниот аспект на Меркур, што се наоѓа во полето на партнерството кон Сатурн што е доминантен во вашиот знак. Моментално сте во расчекор помеѓу желбите и можностите што ви се навестуваат. Со тоа сте раздразливи и подготвени на секој вид вербален конфликт не водејќи сметка ниту кога, ниту пред кого тоа го правите. Понекогаш не е лесно да ги разберете мислите и емоциите на партнерот, но тоа не е од пресудно значење за заедничката среќа. Толеранцијата и воздржаноста се магични зборови за овој период. Нештата стануваат полесни по влегувањето на Меркур во Рак во првите денови од јули. Ако сте млади и сло бодни ви претстои необична љубовна романса. Личноста што го привлекува вашето емотивно внимание истовремено ја крева тензијата. Дури откако и двајцата искрено ќе ги изразите чувствата можен е складен однос и комплетно задоволство. Подобрите денови ќе дојдат од 13-ти јули.

Здравје – Можни се главоболки како нормална појава под ваквите аспекти на Сатурн, потоа болки во вратот и во сите зглобови. Во случај на хронични болести прилагодете ја терапијата.

За другите знаци повеќе на следните страници…