Голем музички хепенинг за први и втори мај во Штип

На 1.ви и 2.ри Мај оваа година на локацијата „9-ти Километар“ во Штип, за прв пат ќе се одржи „Gate One Open Air Happening“, пролетен настан за љубителите на електронската и забавната музика.

Хепенингот ќе започнe нa 1ви Мај во утринските часови, со настап на повеќе македонски изведувачи, познати имиња како SHINE, The Hounds, No End, Edmond Binoge, BlagoyKralev, ZokiPoki, а крајот на вечерта ќе го означат талентираните Future Inc со својот „лајв“ перформанс. По неколку часовна пауза хепенингот ќе продолжи и наредниот ден со електронска музика и настап на реномирани македонски имиња од клубската сцена како Борче Панов, Андреј Мицајков, Vasile а како специјални гости на вечерта директно од Холандија ME.N.U и Francesco Robustelli,  а за крај на настанот со свој сет ќе присуствува и бугарскиот диџеј „TIMMO“.

Ова е нов обид да заживее еден ваков музички настан, со различни стилови на музика и да се овозможи младите да имаат повеќе забава за време на 1.ви мај.