Македонија

Голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид

Голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид во спортскиот центар „Билјанини извори“ ќе организира народен собир со почеток во 13 часот. Свое обраќање ќе имаат лидерот Никола Груевски и уште неколку важни политички личности од партијата.

Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, повторно ќе бидат испратени јасни пораки за тоа што се залага и за тоа што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.

Претходно, владеачката партија одржа вакви народни собири во повеќе градови во Македонија, вклучувајќи го и главниот град Скопје.