Голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата утре во Прилеп

Денес се навршуваат 1.100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски, оној кој е основоположник на македонскиот јазик, на македонската писменост. За жал денес на овој голем празник во нашиот град имаме луѓе кои што ни упатуваат порака дека македонскиот јазик, македонската писменост, македонскиот народ треба да ги ставиме во позадина, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и ги повикаа сите граѓани утре во 20 часот да присуствуваат на големиот народен собир на „ВМРО ДПМНЕ“ и коалицијата „За подобра Македонија“.

-Има луѓе кои ни упатуваат порака токму од нашиот град, од срцето на Македонија, дека градот ќе ни го прават двојазичен. Затоа ве повикувам сите, сограѓани, утре во 20 часот на плоштадот Методија Андонов Ченто, сите заедно да упатиме една јасна порака- дека нема да дозволиме Прилеп да биде двојазичен, дека нема да дозволиме Македонија да биде двојазична, ние сме македонски народ кој си ја сака државата, ја сакаме Македонија која во наредните години мора да оди напред.