Македонија

Голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Прилеп

Голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ го продолжува караванот на големи народни собири. Денес народен собир ќе се одржи во Прилеп во Универзалната сала – Арена „Сонце“ во 13 часот.

На собирот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а ќе бидат изнесени позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици и ќе бидат испратени јасни пораки за она што се залага и за она што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.