Македонија

Голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Штип

Голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Штип

ВМРО-ДПМНЕ за денеска во Штип најави голем народен собир на кој ќе се обратат претседателот на партијата Никола Груевски и други високи претставници на партијата.

Настанот е дел од на караванот на големи собири на владејачката партија низ цела Македонија.

Од ВМРО- ДПМНЕ најавуваат дека јавноста ќе има можност да ги чуе позициите на партијата  за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува државата.

Претходно, народни собири беа организирани во Скопје и во Битола.