Македонија

Голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Штип

Голем народен собир на ВМРО – ДПМНЕ во Штип

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи голем народен собир во Штип. Настанот е дел од на караванот на големи собири на владејачката партија низ целата држава.

На собирот ќе се обрати претседателот на партијата Никола Груевски  и останатите високи членови на партијата.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека јавноста ќе има можност да ги чуе позициите на партијата  за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува земјава.

Претходно големи народни собири беа организирани во Скопје и Битола.