Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Водолија

vodolija-znak-1Љубов

Реално гледано – На водолиите буквално сите можности им се отворени кога станува збор за емотивниот сегмент. Дури и ако сте зафатени имате многу повеќе добри можности набрзина да се занесете и да потклекнете пред магијата на забранетото овошје. Додуше, многу би било подобро овие денови кога сте толку полни со енергија да ги искористите и со саканата личност повеќе да излегувате, заеднички да се дружите со некои интересни луѓе и дополнително да се поврзете… Но, ако баш сакате авантура и врз себе да ги товарите сите проблеми во иднина… Тоа е ваша одлука. Ако сте сами, немојте да се грижите, секако ви се подготвуваат некои нови љубовни настани што прилично ненадејно ќе го „протресат“ вашиот мал свет. Ќе има фатални вљубувања преку ноќ, лудувања, флерт, забави…

Работа

Венера се наоѓа во полето на движење, комуникации, договор, која поради поттикнувачките аспекти што ги прави ќе им даде на водолиите големи можности да направат одделни отстапки на работен план. Во овој сегмент ќе имате некои проблеми што ќе се јават од самиот почеток на неделата, но сега можете да ги надминете… Или да си ги отворите себе си патиштата кон ц елосно нови бизнис соработки. Исто така, приватниот сегмент ви се отвара и многу од вас овој период би можеле да се осамостојат и да тргнат по својот пат.

Здравје

Може да имате проблеми со кожата, а кај повозрасните може да се јават тегоби со циркулацијата или со крвниот притисок. И вие би требало повеќе да се опуштите.

За другите знаци повеќе на следните страници…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.