Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Риби

ribi-znak-1Љубов

Изгледа ниту припадниците на вашиот знак неможат лесно да дојдат до вистинското решение во емотивните врски. Оптоварувањето што постои веќе подолго време и неизвесноста (што најмногу ќе биде нагласена во првиот дел од неделата) може да се надминат, но ќе биде потребно да вложите голем труд. По се изгледа иницијаторот сепак ќе мора да бидете вие, без разлика на тоа што во овој миг таа улога можеби и не ви одговара. Поради апсектот што ќе биде актуелен во вториот дел од семицата, сепак може да се дојде до компромисни варијанти и подобрувања. Доколку сте осамени, очекувајте дека ќе имате уште еден голем емотивен пад на почетокот на неделата. Но, можно е токму тоа да ве поттурне затоа што ќе ви биде преку глава од статичноста и неизвесноста на исечкувањето. Сега можете најмногу да се поткренете во комуникацијата со некои занимливи луѓе, а имате можности и за минливи авантури.

Работа

Иако оваа недела ќе ја почнете незадоволни и несигурни од ситуацијата во бизнис сегментот, мошне брзо настаните ќе ве поткренат и ќе ве придвижат. На одделни риби ќе им биде понудена можноста за големи промени и само од вас зависи дали ќе ја прифатите. Ова дури може да биде и понуда што се врзува за странство и која што можеби означува поголем број бизнис патувања. По се изгледа нема да имате многу време за размислување и одлучување, туку од вас ќе се очекува брз одговор,  но и брз почеток на новата работа. Новите проекти исто така се актуелни и рибите ќе се најдат во едно забрзано, поттикнувачко темпо.

Здравје

Првиот дел од неделата не е здравствено поволен за вас, затоа што се можни стресови, но и поголеми падови на имунитетот. Кај повозрасната популација, ќе се активираат хроничните тегоби.