Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Бик

bik-znak-1Љубов

Вашата владетелка Венера во текот на оваа недела ќе оставри контакт со ретроградниот Сатурн и Уран, што на биковите првенствено ќе им даде можност малку да се вратат во минатотот. И Меркур е во вашиот знак, кој влезе во сопствената сенка и се подготвува за ретроградно движење, па го нагласува токму тоа истото минато. Значи, кај вас осоновно е дека минатото мора да се дефинира. Некои врати повторно ширум ќе се отворат и ќе се затворат со сите сили и на тој начин ќе ви дадат можност да се ослободите и растоварени да продолжите понатаму во потрага за вистинската љубов. Ако минатото веќе не ви претставува оптоварување и ако одамна сте завршиле со него, сега ќе сакате да се опуштите и да се препуштите. Ќе излегувате со пријателите, ќе се дружите, а можеби и ќе се вљубите на брзина. Во постоечките емотивни врски, потребно е само да бегате од кавги.

Работа

Сето она што го отпочнавте во изминатиот период, сето она за што сте се труделе сега конечно ќе почне да дава резултати. Побрзајте за решавање на уште некои прашања или бизнис проекти, затоа што ви остана уште малку време за реализација. Многу работи се при крај и темпото на настаните секако ќе се забрза. Во контактите со бизнис партнерите и соработниците бидете суптилни, рационални и прибрани, затоа што во текот на седмицата ќе има неколку ситуации во кои што би можело да дојде до конфликти и несогласувања. Не дозволувајте некои ситници да ги расипат долго формираните односи.

Здравје

И самите знаете дека стресот генерално е најголемиот непријател на здравјето и дека од него секогаш имате проблеми. Затоа би било добро да најдете доволно време за себе си, да се опуштите и да се растоварите.

За другите знаци повеќе на следните страници…