Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Близнаци

bliznaci-znak-1Љубов

Доколку сте слободни, сите можности за нови познанства и некои занимливи приказни ви се отворени. Излегувањата, дружењата со пријателите, некои забави, веселби, прослави, друштвени собири, па дури и контактите преку социјалните мрежи, ќе бидат местата каде можете да запознаете некоја личност што ќе ве заинтригира и на миг да ја разбуди желбата за освојување кај вас. Можно да има и додворувачи што ќе ве „замараат“ со нивната нападност. Оние што се во врски неделава не би требало да потенцираат на некои разјаснувања со партнерот, посебно ако се тоа некои ситуации од минатото. Пред вас е време кога можете да стигнете до складност, до договор, до компромис – едноставно, да го стабилизирате вашиот однос во целост. Посветете се на саканата личност.

Работа

Соработниците го засилуваат темпото,  вам тоа ќе ви донесе потешкотии за да се прилагодите, особено во првите денови од неделата. Оваа недела не сте на иста бранова должина со луѓето со коишто блиско соработувате, па ќе ви бидат потребни голем број компромиси за да се завршите успешно. Голем број во претходниот период успеавте да завршите и свесни дека некои од проектите се при крај, а само уште треба на вистински начин да се направи завршницата, а вие помалку губите енергија. Не дозволувајте да направите некој пропуст во последен миг. Идеите за кои што веќе долго време размислувате сега можете да ги започнете и да ги реализирате. Не брзајте.

Здравје

Пределот на стомакот и варењето ќе биде извор на основната здравствена проблематика. Променете го начинот на исхрана, земајте повеќе течности, занимавајте со некој поблаг вид на рекреација.

За другите знаци повеќе на следните страници…