Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Рак

rak-znak-1Љубов

Планетата Марс владее со вашето поле на љубовта кое е во знакот на скорпија и неговото ретроградно движење од самиот почеток на оваа недела, неминовно ќе ја разбуди потребата за враќање во минатото. Очигледно е дека со некои љубови вие не сте завршииле ниту во вашата глава, а ниту во срцето и дека е потребно да се вратите и да ги преиспитате уште еднаш. За раковите постојат можности и за некои нови приказни. Можно е да постои разлика во годините со партнерот или дека другата личност е доста сериозна и изградена како личност. Поединечни ракови може да влезат во емотивен однос и низ бизнис околностите. Доколку имате емотивен или брачен партнер, вашиот однос е далеку од совршен, што веднаш на почетокот на седмицата ќе се одрази и преку дистанцата помеѓу вас двајца или преку повлекувањето во тишина. Доколку сте искрени во намерите да го поправите односот, тогаш дефинитивно мора да седнете и сериозно да поразговарате со саканата личност за се.

Работа

Во вашето поле на бизнис околностите и колегијалното окружување две планети ќе се движат ретроградно – Сатурн и Марс. Не очекувајте дека со леснотија ќе ги завршувате работните задачи, па дури и односот со најблиските соработници и колеги може да се влоши, без разлика на тоа колку вие и другата страна се обидувате да пронајдете заеднички јазик. Ниту односот со надредените нема да биде совршен, па затоа чувајте се од расправиите со личностите што се на повисока позиција од вас. Доколку сте го отпочнале процесот на барање работа или барате друго работно место, сега нешто од тоа може и да се исплати. Постојат шанси за промени, а за приватниците следува солиден период.

Здравје

Доста сте психички оптоварени и обидете се како знаете и умеете да најдете малку повеќе време за себе си. Кај повозрасните можни се проблеми со хроничните болести.

За другите знаци повеќе на следните страници…