Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Девица

devica-znak-1Љубов

Очигледно е дека ова е седмица кога сите некако сме склони да потклекнеме пред спомените и кога сакаме да се потсетиме на некои убави мигови и на минатите љубови. Така, ниту девиците нема да можат да и’ одолеат на можноста да ја обноват комуникацијата со минатите емотивни партнери. Инаку, тоа не значи дека сите ќе се вратите „чекор наназад“. Кај некои девици ќе постои можност за новитети, но со оглед на тоа што оваа недела е обележана со контактот на ретроградниот Сатурн и Венера, бидете свесни дека ова ќе биде една приказна што е наменета да се случи. Па, одамна не сте биле во некоја кармичка врска, редно е повторно да „пробате“ нешто такво… Доколку сте во врска или во брак вашиот однос ќе биде прилично складен. Се меѓу вас ќе се одвива со некоја леснотија, ќе има повремени несогласувања, но некако ќе биде лесно да ги надминете и да продолжите понатаму…

Работа

Ете, кој вели дека посветеноста и упорноста не се исплаќаат? На девиците во текот на оваа седмица ќе им се отворат некои мошне убави можности во овој сегмент, а сето тоа ќе биде заслуга на тоа што во минатиот период го работеле. Ќе има и зацврстување на старите, но и придвижување на нови односи со соработници, а дел од девиците дури ќе добијат и понуда за промена на работното место или на фирмата. Соработката со странците ќе доживее едно огромно забрзување и ќе ви биде потребна целата ваша рационалност, присебност  и практичност за да се изборите со големиот број обврски што наеднаш ќе се натрупаат. Сега треба да ги уловите шансите што доаѓаат затоа што нема да имате многу време за носење одлуки.

Здравје

Владетелот на полето на здравјето во ретроградно дсвижење дава можности некои проблематични здравствени ситуации да се решат на полесен начин. Можност за пронаоѓање на адекватна терапија или на вистински лекар.

За другите знаци повеќе на следните страници…