Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Вага

vaga-znak-1Љубов

Тригонот ба вашата владетелка Венера со ретроградниот Сатурн секако помалку ќе ве врати во минатото. Сепак, во текот на оваа седмица за вас лично е многу поважна конјукцијата на планетата на љубовта со Уран и тоа на полето на партнерствата, што ќе се манифестира различно… Самиот аспект означува потреба за слобода, па оние што се во врски би требало да научат да се помират во себе си со желбата за промени и со потребата на партнерот се да држи под контрола. Обидете се да најдете малку повеќе време за себе си, но на тој начин да не ја доведете саканата личност да се сомнева во вас или да станува љубоморна. Овој апсект секако ќе ја донесе и потребата за влегување во нешто ново, непредвидливо, можеби дури и необврзно. Да не забораваме дека основната симболика на овој апсект сепак е  – врска за една ноќ…

Работа

Немојте да заборавате дека ова се денови кога многу работи може да се променат и во бизнис сегментот. Некои прилики ќе се отворат пред вас и тоа мошне неочекувани, а некои ќе почувствуваат и потреба да се осамостојат и да излезат од односот што досега ги ограничувал, а некои просто ќе најдат многу повеќе задоволство и поттик во работните места што ги работат во моментов. На почетокот на седмицата можни се некои полоши односи со колегите, а можеби и со надредените – остатокот на неделата е само ваш и немојте да заборавите – некој пат е потребно да се осудите на промена, да зачекорите во непознатото…

Здравје

Бурна енергија околу вас, настани што некако од корен ќе ве протресат… Сето ова ќе се одрази и на вашето здравје, па затоа е потребно да најдете време за опуштање и релаксација…

За другите знаци повеќе на следните страници…