Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Скорпија

skorpija-znak-1Љубов

Вашиот владетел на полето на љубовта Јупитер, веќе подолго време се движи ретроградно и тоа на полето на пријателите, не дозволувајќи им на Скорпиите на вистински начин да се остварат во некои нови емотивни релации, особено ако со таа личност имате недефиниран однос. Веќе ви е познато она – ниту сме пријатели, ниту не сме… Сето тоа некако струи во воздухот, но останува недоречено или неизречено. Кога оваа недела и владетелот на вашиот знак ќе тргне наназад, вие влегувате во период кога ќе се обидете да го дефинирате тој вид однос. Прашање е дали ќе успеете и сигурно е дека резултатите нема да дојдат наскоро. Во меѓувреме би можеле преку работата да остварите некоја конекција што ќе тргне низ страста… И веројатно само на тоа и ќе завршите. Оние што се во врска треба да се тргаат од расправи и ќе поминат целосно добро во текот на овој период.

Работа

Венера е во вашето поле на работното секојдневие и во текот на оваа недела ќе направи тригон со ретроградниот Сатурн и конјукција со Уран. Вашата работа од претходниот период сега може да има една цврста материјализација низ резултатите што не би требало да бидат мали. Исто така. Ќе добиете и можност за дополнителни контакти со луѓето што ве интересираат и ќе почнете барем неколку важни односи на соработка. И кај вас, странскиот фактор е поставен во смисла на забрзување на темпото на настаните, но и за зголемување на обемот на работата. На оние што се занимаваат со приватна работа им претстои ненадејно отварање на нови пазари во многу поголема мерка од очекуваното.

 Здравје

Потребно е да посветите повеќе внимание на здравствениот сегмент, особено на оние симптоми и болести што сте ги занемарувале.

За другите знаци повеќе на следните страници…