Голем неделен хороскоп: Што ве очекува до 24-ти април

Стрелец

strelec-znak-1Љубов

Конјукцијата на Венера и Уран се случава во вашето поле на љубовта и тоа во тригон со Сатурн што се наоѓа во вашето поле на личноста. Ќе има интересни случувања во текот на оваа недела и за оние што се слободни за оние што се зафатени. Некои односи сега може да се поправат, буквално да се издигнат од пепелта, но може даљ очекувате и некои големи поместувања во вашите емотивни релации. Со оглед на тоа што и другите аспекти ви одат во прилог, потрудете се односот со саканата личност сега да го доведете во целост во нормала. Ако сте слободни, да не се лажеме – овие денови првенствено се отворени за авантура и за жестока забава, без многу размсилување за тоа што ќе ви донесе иднината и планови ваквите типови на врски да се одржат на подолг рок. Доколку постои некој во кого сте вљубени, тешко дека вие ќе го направите првиот чекор. За среќа, сепак другата страна е подготвена да преземе иницијатива.

Работа

Венера владее со вашето поле на работните околности, па нејзината конјукција со Уран секако може да доведе до промени во овој сегмент. И тоа на оние што прилично долго сте работеле. Резултатите што во овој период ќе се реализираат ќе ве израдуваат во голема мерка затоа што ви пружаат шанса да го остварите она што одамна го посакувате. Некои припадници на овој знак ќе почнат да размислуваат за некој вид осамостојување. Не брзајте, обезбедете се уште малку. Соработките со странците што биле во некој вид застој сега повторно ќе се придвижат, најмногу поради тоа што сте успеале да нпарвите компромис или да ги обезбедите потребните документи.

Здравје

Ова не е најдобриот период за здравјето, што вие оваа недела најмногу ќе го почувствувате преку хорничниот замор, но и преку падот на имунитетот.

За другите знаци повеќе на следните страници…