Голем пад на акциите на Фејсбук

Најважните индекси на Вол Стрит во понеделник паднаа за повеќе од 1 отсто, што е последица на притисокот на технолошкиот сектор, особено на акциите на Фејсбук, поради стравот на вложувачите од заострување на регулацијата во тој сектор.

Најголем пад вчера имаа акциите на Фејсбук со пад на цените за 6,8 отсто, откако законодавците на САД и Европа го повикаа извршниот директор Марк Цукерберг да објасни како консултанската фирма, која работела на изборната кампања на Доналд Трамп, добила пристап на податоцит за 50 милиони корисници на Фејсбук без нивна согласност.

Падот од речиси 7 отсто е најголема дневна загуба на акциите на Фејсбук од март 2014 година. Сега цената на акцијата е 10,8 пониска во однос на нејзината рекордна стапка, досигната во почетокот на февруари, па се смета дека е навлезена во подрачјето на корекција, што значи дека е десет отсто под нејзината преходно највисока стапка.

-Вложувачите најмногу ги загрижува дали Фејсбук во иднина ќе може да добие огласувачи кои ќе плаќаат онолку колку што плаќаат денеска. Но инвеститорите не се загрижни само поради можната загуба на парите од огласувачите, се плашат и дека компаниите би можеле да попаднат под построга регулација- вели Ким Форест, аналитичарка во Форт Пит Капитал.

Падот на Фејсбук ги притисна и останатите акции во технолошкиот сектор, па и цените на Епл, Мајкрософт и Алфабета се намалил  меѓу 1,5 и 3 отсто.