ФОТО: Голем пожар во Аеродром

Пожар во Аеродром, фото: „Дневник“

Еден стан изгоре, а најмалку три се оштетени во големиот пожар во Аеродром. Пожарот вчера избувна во т.н. сини згради, а за среќа во него нема повредени.

Некои се сомневаат дека големиот пожар во Аеродром е подметнат

Пожар во Аеродром
Пожар во Аеродром, фото: „Дневник“

Весникот „Дневник“ повикувајќи се на изјави од очевидци, пишува дека вчерашниот пожар во Аеродром,  кој избувна на првиот кат од зградата почнал од терасата. Некои од нив се сомневаат и дека е подметнат.

Сопствениците на станот кои биле видно вознемирени и во шок, изјавиле дека на терасата чувале спрејови кои од топлината би можело да се запалат.

Спречено уништување на повеќе станови

Инаку, благодарение на брзата интервенција на пожарната служба пожарот беше изгаснат, а беше спречено уништување на повеќе станови.

Исто така, за многу кусо време на терен беше и полицијата која спроведе истрага. Пожарот го зафатил станот на првиот кат во т.н сини згради.