Голем пожар беснее во атарот на село Требовле

Веќе неколку дена голем пожар беснее во атарот на поречкото село Требовле, кое се наоѓа на 20-ина километри после Самоков.

По голем број апели до надлежните институции, утрово биле испратени само неколку авиони кои помогнале во гаснењето на пожарот, но како што сведочат селаните, кои молат за помош, авионите веќе ги нема, а пожарот почнал да се шири со огромна брзина и освен опасност да го проголта целото село, голема е веројатноста да се прошири и кон резерватот Јасен. Затоа жителите ги молат институциите за помош.

pozar-trebovle1-640x360

pozar-trebovle-640x360