Голем пожар во семејна куќа во Охрид

Голем пожар избувнал утрово во 8 часот и 35 минути во семејна куќа на улицата „АРМ“ во населбата „Гоце Делчев“ во Охрид, јавува порталот „Охрид Њуз“.

Во пожарот, како што пишува порталот, изгорела поголема површина од покривната конструкција на куќата и причинета е материјална штета.

Според информациите од противпожарната единица од Охрид во пожарот нема повредени, а на терен било интервенирано со две противпожарни возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.