Голем пожар во централна Грција

Големиот шумски пожар во Дервенохориа, централна Грција, гори вон контрола кон три различни насоки откако силните ветрови го разгореа огнот, соопшти синоќа грчката противпожарна служба.

Претходно, во текот на вчерашниот ден, се чинеше дека пожарот се става под контрола, но ветровите кои дуваа во вечерните часови го разгореа огнот и запалија нови пожари во непристапни клисури каде што е невозможно да се испратат екипи или возила, соопшти противпожарната служба истакнувајќи дека засега не се загрозени населени места.

Воздушните противпожарни екипи ја прекинаа работата во текот на ноќта и ќе продолжат со работа утрово.

Противпожарната служба исто така соопшти дека пожарот формирал периметарот на неколку илјади километри и оти до сега не е извршена проценка на предизвиканата штета.