Голем пожар во Скопје, опожарени четири куќи

Четири куќи се зафатени и оштетени од пожар што избувнал вчера на улицат Брсјачка Буна во Скопје, информира денеска полицијата.

Според полициските информации, вчера околу 10,50 часот избувнал пожар во куќа на 48-годишниот А.Џ. кој во тој момент не бил дома. Во домот биле неговите пет малолетни деца кои за среќа навреме ги извадиле на сигурно соседите.

Покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на Џ.Х.(26), на Ѓ.Ф.(35) на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и на Н.Л.(42) на чијашто куќа била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект. Пожарот е изгаснат еден час подоцна од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Причините за пожарот засега не се познати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.