Голем пожар ја зафати Бугарија

Голем пожар ја зафати Бугарија
Голем пожар ја зафати Бугарија

Во близина на градот Јамбол, во југоисточна Бугарија, денеска избувна голем пожар, кој досега уништи најмалку две куќи и неколку стопански објекти, објави МИА.

Пожарот, кој избувнал околу пладне по локално време, зафатил сува трева и нискостеблеста и листопадна шума и има фронт на ширење во должина од околу четири километри.

Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни единици од Јамбол и околните градови, припадници на бугарската армија, како и еден хеликоптер.

Пожарот досега зафатил две куќи и неколку стопански објекти
Пожарот досега зафатил две куќи и неколку стопански објекти

Директорот на бугарската Главна дирекција за безбедност од пожар и заштита на населението, Николај Николов соопшти дека огнената стихија досега уништила „две куќи и три-четири стопански објекти“ во селото Валча Полјана.

Целото село е кренато на нозе. Наша најважна задача е да го  заштитиме селото Валча Полјана. Главна цел ни е да не дозволиме да има жртви и настрадани луѓе, нагласи Николов.

Тој најави дека се очекува во гаснењето на огнот да се вклучат и противпожарни екипи и техника од соседните региони, како и дополнителен број припадници на бугарската армија.

 Очекуваме да пристигне хеликоптер и тешки машини на граджени фирми од Пловдив, истакна Николов.

Покрај овој, во близина на Валча Полјана бесне уште еден помал пожар, а регистирано е и едно жариште во повисоките реони над селото.

 Наша задача е да го спречиме ширењето на огнот во шумата и кон соседна Турција, потенцира Николов.

 

Поврзани вести:

Беснеат пожари во Калифорнија