Свет

Голем пожар во Њујорк, повредени 29 лица

Голем пожар во Њујорк, повредени 29 лица

Њујоршките градски власти соопштија дека во голем пожар кој рано изутрина изби на Стејт Ајленд, една од петте градски области во Њујорк, се повредени 29 лица.

Во соопштението на њујоршката пожарникарска служба се наведува дека меѓу повредените има 19 пожарникари и 10 граѓани, а меѓу нив има полесно и потешко повредени, пренесува телевизијата Еј-Би-Си. Сите се во болница, но никој од нив не е во животна опасност.

Големиот пожар избил во еден часот, по полноќ на Стејт Ајленд.  На местото биле испратени околу 200 пожарникари. Оганот потполно проголтал три двокатници.

Локалниот весник „Стејт Ајленд Адванс“ објави дека еден вознемирен маж од прозор на запалената  зграда ги фрлил двете мали деца, кои ги фатиле случајните минувачи. Пожарникарите подоцна го спасиле и мажот, пишува весникот.