Голем пожар во Њујорк,повредени 29 луѓе

Њујоршките градски власти соопштиле дека во големиот пожар кој утринава избил на Статен Ајленд, една од петте градски области во Њујорк, се повредени 29 луѓе , пренесоа медиумите.

Во соопштението на њујоршката пожарникарска служба се наведува дека меѓу повредените 19 пожарникари и 10 граѓани, чии повреди се и лесни и тешки пренесува телевизијата АБЦ. Скоро сите се префрлени во болница, но никој од нив не е во животна опасност.

На дојавата за големиот пожар кој во 10.00 часот по полноќ избил на Статен Ајленд, на локацијата се испратени околу 200 пожарникари.

Оганот потполно ги проголтал трите двоспратници, рекол портпаролот на пожарникарската служба.