Голем пожар во Париз: Уништени два ката од зграда

Голем пожар избил доцна синоќа по локално време во североисточниот дел на Париз.

Во несреќата, во која што се уништени третиот и четвртио кат од зградата, на површина од околу 1.000 метри квадратни, немало жртви, но имало многу чад и остар мирис, кој што брзо се раширил низ делови од градот.

„Голема површина, два ката по 500 метри квадратни, се зафатени со пожарот, но нема жртви“, објаснил еден француски пожарникар.

Остриот мирис ги загрижил жителите кои масовно ги повикувале службите за спасување.