Голем пресврт на Баерн, Фрајбург ја изненади Борусија

Во средбата од 20-то коло на германското фудбалско првенство Баерн во Минхен го победи Хофенхајм со 5:2 иако веќе по 12 минути игра губеше со 0:2, а изненадувањето на колото го направи Фрајбург кој во Дортмунд одигра 2:2 против домашната Борусија.

Хофенјахм фантастично го отвори дуелот против големиот противни и веќе по 12 минути водеше со 2:0. Првиот шок за навивачите на Баерн дојде во 3 минута кога Џошуа Кимиш во казнениот простор го собори Серж Гнабри, кој самиот го изведен пеналот, голманот Свен Урих го одбрани неговиот удар, но одбиената топка во мрежата на Баерн ја смести Марк Ут. Во 12 минута гостите го удвоија водството, а овојпат стрелец беше Гнабри, инаку напаѓач на Баварците позајмен во Хофенхајм.

Но Баерн брзо се врати во игра, во 21 минута намали Роберт Левандовски, а во 25 минута израмни Џером Боатенг. Сепак, на целосниот пресврт се чекаше до 63 минута кога Кингсли Коман погоди за 3:2, а во 67 минута Артуро Видал по изведен корнер со глава зголеми на 4:2. Во последните моменти од натпреварот за конечните 5:2 погоди Сандро Вагенр, кој оваа зима во Баерн дојде токму од редовите на Хофенхајм.

Борусија Дротмунд испушти нови бодови откако дома одигра 2:2 против Фрајбург. Домашните можат дури и да бидат среќни, бидејќи израмнувачкиот погодок го постигнаа во третата минута од судиското продолжение. Борусија поведе во 9 минута преку Шинџи Кагава, а израмни Нис Петерсен во 21 минута. Истиот играш во 68 минута го доведе Фрахбург во водство, а бодот за Борусија го спаси Џерели Тољан.

Шаке рутински стаса до победата на гостувањето кај Штутгарт. Гостите во првите 20 минути постигнаа два гола, а потоа ја бранеа предноста. Стрелци беа Надо во 14 и Амине Харит во 19 минута од пенал.

РБ Лајпциг одигра само 1:1 со ХСВ Хамбург, а стрелци беа Брума во 9 минута за домашните, и Костиќ во 29 минута. Со истиот резултат заврши и дуелот меѓу Келн и Аугсбург. Домашните поведоа преку Јојиќ во 40 минута, а во 77 минута гостите израмнија преку Сиоби.

На табелата води Баерн со 50 бодови, Шалке е втор со 34 бодови, додека Ајнтрахт е трет со 33 бодови. Седат РБ Лајпциг со 32 бодови, и три клуба со по 31 бод, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, кој има и меч помаку – игра в недела дома со Мајнц, и Борусија Менхенгладбах.