Голем пролетен хороскоп: Еве што ве очекува оваа пролет

Дознајте што ќе му донесе пролетта на вашиот хороскопски знак на полето на љубовта, здравјето и работата…

Овен

Вие, без никаков сомнеж ќе бидете полни со енергија и ентузијазам оваа пролет! Најповолниот период за вас трае до 18-ти април. Ќе бидете полни со виталност, сила, ќе имате елан за нови работни потфати, а најмногу за работите каде што се истакнува соработката со странство. Можете да очекувате голем успех и во работата со високите институции или ако очекувате завршување на некој судски процес – ситуацијата сега ви оди во прилог! Од 18-ти април би можеле полека да ви се активираат некои проблеми од минатото, па таа фаза воопшто не е поволна за било какви ризици. Бидете внимателни на секој чекор.

Во љубовта во оваа фаза би можеле да се вратите на некои стари проблеми со саканата личност, а решенијата ќе ви делуваат како мошне далечен и невозможен поим. Сепак, со помош на вашата голема внатрешна сила можете се’ да надминете! Никако немојте да паѓате во депресија и апатија! Бидете физички активни и кога сте нерасположени, движете се, шетајте, дружете се со луѓето.

Бик

Вие за време на пролетниот период ќе бидете максимално насочени на случувањата во љубовта и на стекнувањето нови познанства, на ширење на кругот на пријатели, излегувања, дружење… Можете да очекувате мошне позитивна атмосфера! Во поголемиот дел од овој период ќе бидете максимално активни и добро расположени. Амбициите ќе ги оставрлите во април, кога ќе бидете нешто поагресивни, односно поангажирани на професионален план – Ќе имате желба да водите, да бидете први и да се докажете!

Мај ќе ви донесе нова љубов! За сите слободни бикови ова е поволен период за нова љубов и почеток  на врска што би можела да биде мошне стабилна и перспективна! Ако веќе имате партнер – ќе успеете да го подобрите односот и љубовта ќе цвета! Ќе се чувствувате добро во сопствената кожа и ќе ширите позитивна енергија каде и да се појавите!

Близнаци

За вас поволниот период ќе трае се до 29-ти април… Сепак неможе да се каже дека се ќе ви оди сосема глатко оваа пролет, дури и кога положбата на планетите ви е наклонета. Влијанието на Сатурн и Марс од знакот Стрелец во поголемиот дел од годината може негативно да се одрази на вас, па во пролетниот период ќе ја чувствувате таа тешка енергија. До 29-ти април периодот е поволен за работа пред се, ќе бидете мошне активни, максимално посветени на тимската работа како и на приликата да дојдете до подобрување на финансиите. Од 29-ти април до 23-ти мај трае влијанието на ретроградниот Меркур што традиционално е негативен за вас.

Не планирајте патувања или почеток на некоја важна работа во тој период. На љубовен план подобро ќе поминат слободните Близнаци, а можности за флерт ќе има на секој чекор. Доколку сте во врска или во брак – партнерот ќе ви наметнува нови правила и одговорности, што нема да му одговараат на вашиот детски и разигран дух!

Рак

Можете да очекувате едно мирна, весела и убава пролет, без многу стрес и гужва. Евентуално во периодот на април може да бидете малку повеќе во гужва кога поголемата концентрација на планетите во знакот на Овен ќе ви создава помала нервоза… Тој период е сепак најповолен за вашето работно поле, како и за можноста да остварите напредување и да ја подобрите комуникацијата со надредените. Од мај месец веќе влегувате во помирна фаза, во која што сте постабилни и сосема сте на свој терен. Љубовта ќе ви се појави – во тоа нема сомнеж.

Можете да очекувате запознавање со некоја личност што ќе биде прилично упорна во својата намера да ве освои! Како и секогаш, до последен миг нема да покажете дали сте дефинитивно заинтересирани – но ако дојде до врска, ќе се топите во слатката љубовна атмосфера! Родените во третата декада на овој знак сепак би требало да бидат повнимателни, посебно кога е во прашање сообраќајот или здравствените проблеми.

Лав

Вие сте најверојатно знакот што ќе има најмалку проблеми и компликации оваа пролет. Влијанието на Марс во знакот Стрелец ви дава поддршка, дополнителни извори на енергија и оптимизам, па ќе  бидете максимално активни на сите полиња. Ве очекува бурна ситуација на љубовен план, а ќе бидете мошне активни на полрто на флерт. Освојувате каде и да се појавите и врз основа на страста и физичката привлечност ги бирате партнерите! На лавиците може да им се појави некој мошне занимлив, друштвен, атлетски граден млад маж кому нема да можат да му одолеат.

На работен план се ви оди баш онака како што сте испланирале, а со тоа веројатно немате многу време за одмор. Не спиете доволно, но не сметате дека премногу губите. Периодот е идеален и за слабеење и за почеток на тренинзи, вежбање, можете да го обликувате вашето тело! Поволниот период трае се до 29-ти мај кога Марс повторно се враќа во знакот Скорпија.

Девица

Големи се шансите оваа пролет да не знаете каде се наоѓате, во секоја смисла. Можно е да ве притиснат обврските од сите страни и да имате многу малку време за себе си! Гледањето филмови и излежувањето за вас се само мисловни именки. На работното место сте максимално активни, а кога ќе ги завршите одредените задачи ви пристигнуваат нови.

Голем број девици ќе работат без ниту еден слободен ден или тој слободен ден ќе го искористат за да решаваат проблеми, ако не на работното место – тогаш семејни. Имате впечаток дека ништо не е под ваша контрола, а тоа никако не ви одговара. Пролетта си заминува а вие имате впечаток дека не сте успеале да искористите барем еден убав ден и да се посветите на саканите. Забавете малку за време на ретроградниот Меркур од 29-ти април до 23-ти мај.

Вага (повеќе на следната страница…)