Голем пролетен хороскоп: Еве што ве очекува оваа пролет

Вага

Највозбудливите случувања на љубовен план може да дојдат во април. Во таа фаза конечно ќе излезете од маѓепсаниот круг на пасивност во кој го поминавте вашиот зимски сон. Вам повеќе од било на кој друг знак ви е потребвна љубов, партнерство и хармонија на тој план. Осаменоста не е терен на кој што можевте да се снајдете! Затоа од април зграпчете ја вашата прилика за врска и немојте да ја пуштате.

Ќе најдете партнер (или партнерка) што максимално одговара на вашите физички идеали но и која нема да се двоуми за тоа дали да го направи првиот чекор! Покрај една динамична и доминантна личност и кај вас конечно ќе се врати насмевката, страста и еланот. Минатото оставете го зад себе, избришете го бројот од поранешните и не јавувајте се кога ве бараат – ставете ги на „игнор“! Дојде време за нов почеток! Работите ви течат прилично глатко, иако тоа поле по оваа фаза нема да ви биде на листата на приоритети.

Скорпија

Нема сомнеж во тоа дека сакате да сакате и дека мислите дека љубовта е убава, но тоа оваа пролет нема да ви биде баш од пресудно значење. Секое утро и секоја ноќ само една мисла ви е во главата: „пари, пари, пари…“ Се друго сега оставате настрана и смислувате нови начини за да дојдете до заработка. Неможе да се каже дека ќе се збогатите за време на оваа пролет, но дефинитивно ќе успеете значајно да ја подобрите вашата материјална ситуација!

Ќе работите напорно и тешко, никој нема ништо да ви подари, ниту пак ќе добиете на лото, но ќе бидете задоволни со вашиот финансиски учинок. Колку и да заработите – ќе сакате повеќе, па ќе ги поместувате своите граници! Доколку сте во брак или во врска, партнерот ќе се обидува повторно да ве осови во периодот на мај, затоа што колку и да успеете да заработите, парите нема да ви ја стоплат постелата… Тоа морате да го направите сами.

Стрелец

Можете да бидете во голема мерка оптеретени со одговорностите и ограничувањата во периодот на оваа пролет. Водете сметка за вашето здравје, влијанието на Марс и Сатурн во вашиот знак нема да ве штедат… Во еден миг ќе ви се чини дека имате доволно сила за се, но кога ќе се префорсирате, лесно може да ви се случи да паднете во постела затоа што ќе ве скрши најобичната настинка или грип! Пред се’, потрудете се да го зајакнете имунитетот, немојте да допуштите поради работата и стресот да страда вашиот организам, затоа што здравјето нема цена!

Оваа пролет голем број припадници на овој знак конечно ќе успеат да пораснат и да станат посериозни – во спротивно бегањето од обврските и одговорноста може да остави голем број последици, а можни се и законски последици. Во љубовта немате многу трпение и нежност, свртени сте кон сопствените потреби, па ситуацијата нема да биде најидеална… Нешто полесна ситуација пристига на крајот на пролетта!

Јарец

Вие полека но сигурно чекорите напред. Неможе да се каже дека убавото време ви дава премногу ентузијазам но во секој случај, ви одговара таквата промена. Држете се до плановите што претходно сте ги зацртале. Немојте да дозволите било кој да ве убеди во некои лажни вредности или да ви ветува големи работни места и лесна добивка – по сопственото искуство би требало да знаете како завршуваат тие работи.

Мај е мошне поволен за обновување на работните преговори но ништо не треба да потпишувате додека не заврши влијанието на ретроградниот Меркур, односно до 23-ти мај. Во љубовта ќе имате мошне позитивни случувања, со личност од вашето блиско окружување – родното место или соседството. Ви се враќаат некои убави емоции на кои што сте заборавиле. Не ви се брза, имате и време и трпение да уживате во флертот и запознавањето.

Водолија

Нема да имате многу турбуленти случувања и драстични пресвртници оваа пролет. Прилично сте стабилни и во вашата глава и со вашите очекувања. Фокусирани сте на вашите цели кога станува збор за работата но и надвор од тоа повторно наоѓате доволно време за излегувања, дружења и привлекување внимание. Добро се чувствувате додека склопувате нови познанства, но и додека ги обновувате одамна заборавените пријателства…

Може да се каже дека конечно се враќате во вашиот елемент и дека нервозата што ја чувствувате оваа зима и во текот на изминатата година се намалува и счезнува. Вашиот вешен оптимизам се враќа, ќе ја разубавите оваа пролет и за себе си за вашите сакани. Ако сте во брак можете да очекувате мошне убави случувања во вашиот дом во мај. Искористете го периодот до 29-ти мај, тогаш Марс од Скорпија може да ви врати некои проблеми од минатото.

Риба

Вие сте постојан фантазер и оптимист кој со убавото време гледа и убави прилики за продолжување и за нови поглавја, имате големи планови за иднината и верувате дека ќе ги остварите. Сепак, оваа пролет можете малку да се спуштите на земјата… Оваа фаза не ви особено поволна за работата… Можете да очекувате голем број притисоци, како од надредените, така и од самите себе затоа што ќе им бидете роб на големите амбиции, наместо тие да ви служат вам. Ќе ви биде тешко да се опуштите и да мирувате.

Проблемите со ’рбетот и со грбот по напнатоста ве следат во поголемиот дел од оваа фаза. Љубовта сте ја оставиле некаде зад себе си… Не е дека немате можности за флерт, но не сте премногу мотивирани. Сега би сакале себе си да си најдете некој добар, цврст и доверлив бизнис партнер, отколку емотивен. Попатните авантури се секогаш возможни, но сега тоа ви одзема доста време и енергија.