петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Голем собир на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Борис Трајковски“

По дводневната програма во МОБ (вчера и денеска), овој тродневен настан на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има финалето утре во СЦ „Борис Трајковски“ каде свое обраќање ќе има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

prat

Последни вести

Викендот на трибини, собири и партиски настани што ги организира ВМРО-ДПМНЕ утре треба да се заокружи со собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

По дводневната програма во МОБ, овој тродневен настан на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има финалето денеска во СЦ „Борис Трајковски“ каде свое обраќање ќе има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави во петокот членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

-Нашата цел е да бидеме секогаш подобри и да продолжиме да реализираме реални проекти и конкретни дела. Затоа ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтноста, поигрувањето со чувствата на луѓето. Крај за штетите на угледот на државата“. Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чувство на одговорност кај граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други, рече Тодоров.

Најчитани вести