сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 21

Голем женски хороскоп: Дознајте се за карактерот и особините на жените

horoskop-1

Поврзани вести

Дознајте се за жените, за нивниот карактер и за особините во однос на нивниот хороскопски знак.

Жена Овен

Имате одлучен карактер, го сакате сето она што е чисто, јасно, прецизно. Полни сте со самодоверба. Храбри сте и сакате да преземете акција. Вашиот ентузијазам и динамичност се доволно силни двигатели за да ги пребродите сите потешкотии. Иницијативни сте и кога ќе се најдете на раскрснуца два пати побрзо одлучувате.

Вашиот карактер има големо влијание и на однесувањето во љубовта. Никако неможете да се вклопите во редот жени – робинки, жените што се покоруваат на желбите и барањата на мажите. Премногу сте независни за да можете да поднесете некој да ве стави во кафез. Барате взаемна доверба, која ќе ви го обезбеди животот во двојка без сцени и поголеми сомнежи.

Љубоморни сте и тоа го покажувате. Барате јасни одговори на прашањата. За вас е еидеален мажот што има силен карактер, што ќе ве импонира. Ако откриете неверство, подготвени сте да возвратите на ист начин…

Жена Бик

Вие стоите цврсто на земјата. Сакате се она што е постојано и опипливо. Никогаш не се задоволувате со лажни ветувања, слатки илузии и не им се препуштате на фантазиите.

Иако вашиот карактер е прилично јак, во него постојат и некои слабости. Во начинот на живот понекогаш се појавуваат и пасивност и мрзеливост. Бегате од грижите и од проблемите, не сакате компликации. Кога ќе се одлучите за нешто тешко дека некој ќе успее да ве разубеди. Повеќе сакате да доживеете и пад, отколку да се вратите назад и да го промените мислењето.

Љубовта игра голема улога во вашиот живот. За вас таа не е синоним за страста, бурите, страдања или романтизам, туку за нежност и уживање. Кога ќе запознаете некоја личност што ви се допаѓа сакате на секој начин да привлечете внимание врз себе си.  Периодот на посматрање кај вас трае долго (понекогаш и премногу долго). Тоа не изненадува, затоа што вие сите одлуки ги носите по долго и зрело размислување.

Жена Близнак

Динамичноста е најважната особина на вашиот карактер. Бескрајно ја цените слободата и независноста. Нема да дозволите никуму да ви ја наметнува својата волја. Вие сте многу интелигентни, но не и остроумни. Во бизнисот да знаете како да се најде најдобар начин за успех.

Како и во животот и во љубовта држите до својата слобода. Дури и кога ќе се вљубите во некого, се плашите премногу да се врзете. Поради стравувањата дека ќе станете негов роб, може и да го напуштите, иако знаете дека ве сака.

Во љубовта и бракот сте верни, а тоа го барате од партнерот. Не ги покажувате јавно своите чувства и делувате ладно. Со партнерот сте сосема различни. Тука вашата љубов и страст доаѓа до израз. Од луѓето што ги сакате барате изливи на нежност и страст. Иако првенствено го цените интелектот, во љубовта се подредувате на чувствата.

Жена Рак

Вие сте многу чувствителна и емоционална личност. Но, за да се одбраните од светот на некој начин, се обидувате да ги скриете своите чувства.

Во животот сте помалку, сонувач, сакате да размислувате. Ако треба да се влезе во борба со проблемите во животот, претпочитате да се повлечете и да се затворите во вашиот мал, интимен свет, полн со желби, фантазии, задоволства. И покрај тоа што ви се допаѓа осаменост, тоа не значи дека не треба да се во друштво на пријатели кои ќе го опкружуваат.

Љубовта во животот ви значи многу. Таа е една од најважните цели.  Тоа во секој случај, не се авантурите, минливите флертови, слободната љубов. Покрај тоа што имате многу емоционална природа, вие сте и многу романтични. Сонувате за романтична љубов, страсни чувства на две сродни битија. Љубовта во вас се буди како пламен; мислите дека таа ќе трае вечно и затоа тешко ги  толерирате разочарувањата.  Од партнерот барате нежност и љубов што толку многу ви е потребна.

Жена Лав (повеќе на следната страница)

Најчитани вести