Голем женски хороскоп: Дознајте се за карактерот и особините на жените

Жена Стрелец

Вие сте смели, независни, сакате да ги пречекорувате постојаните бариери, се впуштате во ризици за да остварите некој идеал, некој ваш план, само за да им покажете на луѓето колку фредите.

Амбициозни сте. Сакате се да се поставите во животот така што се ќе биде подредено на вашите планови. Имате истенечено чувство за сите животни вредности: не занемарувате ништо што на било кој начин би можело да оди во ваша корист. Многу држите до мирниот живот, без нагли промени. Не сакате никаква збрка или анархија. За вас животот е борба без престан.

Во љубовта, првата желба ви е да сретнете маж што ќе ви се восхитува и кого ќе можете да го претставувате пред пријателите без никакво воздржување. За вас љубовта значи восхитување и затоа вашиот избраник мора да биде човек со силен карактер и добро искален. Човекот со слаба волја, што ќе им попушта на вашите каприци нема да ве направи среќна. Вашите односи ќе доживеат катастрофа. Ако во почетокот и го поднесувате таквиот човек, еден ден сепак ќе дојде до експлозија.

Жена Јарец

Вашиот однос кон животот е реален. Сакате присотјност. Ги цените само оние луѓе што имаат извесни вредности, секако во согласност со вашите сфаќања. Во животот несакате да губите време. Ги презирате сите безделничења, како и бесмислените разговори. Накратко речено, вие не сте од оние што поминуваат долго време пред огледалото, дотерувајќи ја фризурата или разубавувајќи се. Денот ќе го поминете многу покорисно.

Вие сте реалист. Знаете точно да ги процените поединечните настани. Дури и тогаш кога сте подготвени да преземете некој ризик, што ретко се случува, секогаш се однапред и добро го планирате. Во вашата работа, како и во животот, не сакате на секој начин да го привлечете вниманието на другите.

Љубовта кај вас споро се раѓа и вашата наклонетост и доверба тешко се добиваат. Ако некој ви се допаѓа нема тоа да му го покажете без срам и натегање. Никогаш нема да го привлечете со многу кокетирање, физикипт изглед, туку со паметни разговори, интелегенција. Кога сепак ќе одлучите за некого да се врзете, тоа е одлука за цел живот. Ниту времето, ниту долгите разделби неможат да ја променат вашата љубов.

Жена Водолија

Зад вашиот, понекогаш ироничен став се крие несигурност и недоволна самодоверба. Живеете во вашиот свет на соништа и немате храброст да влезете во конфликт со вистината, која во животот не е секогаш убава.

Вие сте мошне чувствителна личност. Во вас луѓето може да имаат голема доверба. Никогаш нема да ги издадете пријателите. Ако некој нешто ви доверил, може да биде сигурен дека ќе молчите и дека тоа од вас никој нема да го дознае. Затоа луѓето го сакаат вашето друштво.

Во љубовта сте великодушни. На саканата личност ќе и’ ги подарите сите чувства. Но, истото тоа го барате и од вашиот партнер. Поради тоа сте љубоморни. Таа љубомора нема секогаш да ја покажете, но деноноќно ќе страдате. Со вашата љубомора повеќе ќе си нанесете болка самите себе си, отколку на саканата личност. Неможете да поднесете маж тиранин. Ако наидете на некој со помек карактер, ќе направите се за тој да биде среќен покрај вас.

Жена Риба

Вие сте непоправлив идеалист. Сакате или би сакале да се жртвувате за нешто големи за да остварите некој свој идеал, Кон другите сте толерантни до крајност, не ги сакате оние што ве осудуваат и не трпите префрлувања и критики. Вашиот шарм и природност играат голема улога во односот со другите луѓе.

Многу сте интуитивни. Со оглед на тоа што сте мошне чувствителна личност, полна со вообразеност, постојат можности да се уплашите од животот и неговите кошмари. Вашата личност е мошне комплексна, полна со тајни, тешко пристапна. За некој да ве сака, мора добро да ве запознае.

Љубовта ве збунува од првиот миг. Ако почувствувате наклонетост кон некого, не сте сигурни во себе си, па затоа истото не го откривате. Сепак, љубовта што ќе ве врзе за еден човек нема да биде воопшто едноставна. Вашите емоции секогаш ќе бидат полни со вртлози и исполнети со некаква недоверба. Живеете во постојан страв дека ќе го загубите оној за кого сте се врзаел и барате без престан докази за неговата љубов и предаденост. Секоја разделба, дури и кратка, кај вас буди извесни сомнежи…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.