Голема акција на МВР на Економски факулет: Уапсен професорот Шуклев

Голема акција на МВР против корупцијата во високото обрзование. Како што дознава Press24 од полициски извори приведен е во полиција Бобек Шуклев, професор на Економскиот факултет, а во моментов се трага по уште неколкумина професори.

Полицијата ги товари за примање, давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на склужбена положба и овластувања и други коруптивни дела.

При претресот неофицијално дознаваме дека се најдени пари. МВР неколку години наназад работело на документирање на случајот бидејќи подолг период се говори и меѓу студентите и меѓу јавноста за незаконското работење на дел од кадарот на Економски факултет. Според првичните сознанија од истрагата лицата имале разработен систем.

Се проверува и инволвираноста и на лица кои работеле во угостителските објекти на факултетот, објави порталот.